Тимот на Веспрем забележа победа против екипата на ППД Загреб со резултат 32-30 и ја освои СЕХА лигата, за тимот на Веспрем ова е петти трофеј во СЕХА лигата.
Во првото полувреме ППД Загреб имаше предност и на пауза замина со високи 19-13. Во второто полувреме беше неизвесно и драматично, но на крај тимот на Веспрем успеа да слави против ППД Загреб.
Најефикасен кај екипата на Веспрем беше Јахија Омар со седум гола, додека кај тимот на ППД Загреб најефикасен беше Иван Чупиќ со осум гола.
(фото-Сеха Лига)📷