Германскиот тим Вецлар потпиша договор со средниот бек Радојица Чепиќ кој доаѓа од екипата на Целје.
Радојица Чепиќ кој има 19 години со екипата на Вецлар потпиша тригодишен договор до 2025 година. тој настапува на позицијата среден бек. Црногорецот кој беше еден од младите играчи кои привлече меѓународно внимание со одличните настапи на Европското првенство 2022 година во Унгарија и Словачка беше награден со трансфер во Бундес лигата.
„Благодарен сум за времето во Целје, сакам да го направам следниот чекор во Вецлар и да се докажам во Бундес лигата. Секако дека е сон да се игра во најсилната лига на светот и среќен сум поради можноста и довербата што ми ја даваат одговорните во Вецлар. Секогаш ќе покажам 100 проценти посветеност!“ – изјави Радојица Чепиќ.

(фото-Рк Вецлар)📷