Екипата на Тинекс Пролет потпиша нов договор со Виктор Додевски, 19-годишниот ракометар кој е директен производ на младинската школа од клубот.
Додевски, кој настапува на позицијата десен бек и десно крило, е еден од најдобрите ракометари во младинската екипа на Тинекс Пролет, а во последните сезони добиваше шанса и во првиот тим да ги покаже своите ракометни квалитети.
Со овој потпис, клубот уште еднаш ја потврдува тенденцијата да остварува добри резултати базирајќи се на македонски ракометари кои секогаш ќе добиваат шанса во Тинекс Пролет.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷