Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите за 3. коло од групната фаза од Лигата на Европа во машка конкуренција.
Македонската судиска двојка Виктор Начевски и Даниело Божиновски ќе го судат натпреварот меѓу екипите на Татран Прешов и Бенфика.
Овој натпревар ќе се одигра во Словачка, во “Татран Арена”, на 22 октомври во вторник со почеток од 20:45 часот, додека делегат е Емир Бешлија од Црна Гора.
(фото – Архива)📷