Виктор Стојанов од пред две недели е новото име во стручниот штаб на Голден Арт. Во неговата досегашна кариера ги има најголемите успеси на клупско ниво, двократен европски првак со Вардар 1961.
Професионален период на кој што е посебно горд и поради успесите и поради луѓето со кои соработувал. Неговиот прв работен ден е на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивна нега каде останува пет години. По Вардар 1961 краток период работи и во Металург.
“Чест ми е што ќе бидам во екипата на Голден Арт и ќе работам со млади и перспективни играчи. Ќе дадам се од себе да го сочувам здравјето на секој од нив за да може екипата да ги оствари своите цели за тековната сезона”, – изјави Виктор Стојанов.
Односот помеѓу физиотерапевтот и професионалниот спортист е најспецифичната релација во спортот. Комуникација која се темели на доверба, разговор, совет и грижа. Помош од професионалец каков што е Стојанов ќе биде круцијална за играчите на Голден Арт.

(фото – Рк Голден Арт)📷