Екипата на Куманово, која има високи амбиции за следната сезона во Супер лига се засили со нов ракометар.
Станува збор за ракометарот Виктор Трифуноски. Овој играч кој настапува на позиција лев и среден бек во својата кариера настапуваше за сите младински школи на Вардар од Скопје, вклучувајќи го Вардар вториот тим, Аеродром од Скопје и Фруит Ленд Борец од Велес.
“Искрено се чуствувам одлично и мотивирано откако потпишав за клуб како МРК Куманово”, – изјави ракометарот Виктор Трифуноски.

(фото – МРК Куманово)📷