Вилсон Дејвис е нов ракометар на Еурофарм Пелистер

Португалскиот среден бек Вилсон Дејвис е нов ракометар на Еурофарм Пелистер, кој доаѓа од екипата на Иври.

Искусниот 33 годишен ракометар потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер, почнувајќи од сезоната 2022/23. Се работи за ракометар со огромно искуство во францускиот ракометен шампионат, каде што настапува од 2014 година. Дејвис во Битола доаѓа од Иври, а претходно ги носеше дресовите на Нант, Сесон Рен и Данкерк. На почетокот на кариерата Дејвис настапуваше за Спортинг, Ковадонга и Порто.

Официјалното претставување на Вилсон Дејвис е предвидено за почетокот на сезоната 2022/23.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.