Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров забележаа победа на домашен терен против составот на Кичево со убедливи 32-22.
Македонија Ѓорче Петров уште на почетокот имаше убедливо водство, а исто така на полувреме заминаа со водство од 14-7. Вториот дел од натпреварот беше само формалност домашната екипа да ја завери победата на свој терен.
Најефикасен во составот на Македонија Ѓорче Петров беше Максимилијан Гиноски со шест погодоци, додека најефикасен во составот на Кичево 2020 беше Мојсие Тасески со седум погодоци.
Рк Македонија Ѓорче Петров 32-22 Рк Кичево 2020
(фото-Рк Македонија Ѓорче Петров)📷