Висока победа за Преспа против Партизан Гевгелија

Ракометарите на Преспа забележаа триумф против екипата на Партизан Гевгелија со високи 29-20 во Првата лига.

Преспа имаше водство на полувремето од 13-12. Во второто полувреме Преспа ја зголеми предноста и на крај забележа висока победа против Партизан Гевгелија.

Најефикасен во екипата на Преспа беше Златко Везенковски со десет погодоци, додека кај екипата на Партизан Гевгелија најефикасен беше Горан Лисичков со осум погодоци.

(фото-Рк Преспа 2015)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.