Ракометарите на Тиквеш забележаа победа против Радовиш со убедливи 33-20.
Тиквеш доминираше на теренот, на полувремето имаше водство од 17-8. Во вториот дел исто така Тиквеш доминираше и освои нови три бода и победа против составот на Радовиш, и остана во топ 6 во Суперлигата.
Најефикасен во составот на Тиквеш беше Стефан Трпчевски со шест погодоци, додека најефикасен во екипата на Радовиш беше Зоран Стојановски со седум погодоци.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷