Владимир Бојаниќ избран за странец кој настапува во екипата на Охрид

Во Општина Охрид на Владимир Бојаниќ му беше доделена награда за спортист од друго населено место или странец кој настапува во екипа од Охрид.

Пивотменот на ГРК Охрид, Владимир Бојаниќ има 28 години, висок е 204 сантиметри и тежок 118 кг. Има богата кариера зад себе и е огромно засилување за сино-белиот тим.

Во Охрид дојде од шампионот на Турција, Бешикташ, а пред тоа настапуваше и во Партизан (Србија), Тримо Требње и Горење (Словенија) каде што имаше одлични настапи во ЕХФ Купот, како и за Војводина и Металопластика (Србија).

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести