Пред тимот на Охрид е натпреварот на сезоната во борбата за подобар пласман во разигрувањето во ракометната Супер лига.
Во „Билјанини извори“ гостува четвртопласираниот Тиквеш кој има само бод повеќе на табелата од петтопласираниот Охрид. За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Владимир Бојаниќ.
“Натпреварот со Тиквеш е од големо значење за подобар пласман. Тиквеш е сериозен противник, но ние ќе дадеме се од себе да ги освоиме трите бода. Клуч за успех на претстојниот меч ќе биде да одиграме во одбрана како на претходните две средби”, – изјави Владимир Бојаниќ.

(фото – ГРК Охрид)📷