Владимир Цупара во Веспрем до 2024 година!

Српскиот репрезентативен голман Владимир Цупара го продолжи договорот со унгарскиот тим Веспрем.

Договорот е продолжен на една сезона, со можност да биде продолжен на уште една сезона, и така Цупара да остане во Веспрем до јуни, 2024 година.

Цупара во Веспрем пристигна во 2019 година од екипата на Киелце, и тој настапи на 149 натпревари за унгарскиот тим.

(фото – Рк Веспрем)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.