Првиот четвртфинален дуел од СЕХА лигата за Вардар сезонава значи домаќинство против Војводина.
Како второпласирани во групата, Вардар за ривал го доби српскиот шампион кој беше првопласиран во другата група. Победникот од овој дуел ќе игра на завршниот турнир во СЕХА Газпром лигата.
„Важен меч за нас. Ние се подготвуваме за Војводина, а и не размислуваме за тоа со каков состав тие ќе дојдат. Малку е поинаква атмосферата сега по последниот поразот во домашното првенство, но до четврток ќе успееме да се вратиме на старите победнички патеки. Војводина доминира во српското првенство, и игра во полуфиналето на европските купови. Имаа одлични мечеви со Нексе и со Еурфарм Пелистер и победија со висока разлика, и тоа е доказ дека се добар тим. Играат брз ракомет, со трчање, модерен. Имаат добра и цврста одбрана. Не ни значи дали играме прво дома, па во гости. Некогаш е добро што дома играш прво бидејќи ќе го знаеме исходот, но сепак се играт 120 минути. Имаме неколку повредени играчи, ќе се потрудиме да собереме сили бидејќи доаѓа период на згуснат распоред, бидејќи имаме натпревари и во првенство, куп и СЕХА лигата. Немаме многу време за подготовки, но секој момент се користи за задржување на високата форма. Тешко е да издржи ритамот на 3 меча за 6 дена. Кој ќе го издржи тој ритам ќе се радува на крајот од сезоната”, – изјави тренерот Владо Недановски.
(фото – Рк Вардар 1961)📷