Екипата на Вардар, во продолжението од сезоната ќе има нов тренер, откако Владо Недановски го напушта тимот.
Оваа вест ја соопшти претседателот на Вардар, Михајло Михајловски, каде изјави дека се преговара со неколку тренери.
“Со сегашниот тренер Владо Недановски заеднички се договоривме дека во овој момент, и во интересен на клубот е најдобро некој друг тренер да продолжи со тимот, и да се обидеме заеднички да го оствариме она што е наша цел сезонава”, – изјави претседателот на Вардар, Михајло Михајловски.
(фото – Рк Вардар 1961)📷