Екипата на Вардар ја очекува натпревар против тимот на Порто во групната фаза од Лигата на Европа.
За овој натпревар своја изјава имаше и тренерот на Вардар, Владо Недановски, каде изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против Порто.
„Мечот со Порто знаеме колку е важен, доколку сакаме да ја поминеме групата. Во првото коло имавме добро издание пред домашна публика, а потоа во Мелсунген не беше како што посакувавме и загубивме убедливо. Тоа е веќе минато, размислуваме за дуелот со Порто, анализираме и тренираме за средбата. Добро сме покриени на сите позиции со квалитетни играчи. Свесни сме и зрели колку овој натпревар значи за Вардар. Нема штедење и размислување, една и единствена опција е победата”, – вели Владо Недновски, тренерот на Вардар.
(фото – Рк Вардар 1961)📷