Владо Недановски нов координатор на младинските екипи на Вардар

Владо Недановски во иднина ќе има нова функција во екипата, и ќе биде задолжен за функционирање на сите младински категории на клубот.

Поранешниот играч на „црвено-црните“ кој со екипата освои и две европски шампионски титули во Келн и претходните неколку сезони беше и прв тренер, сега ќе биде на место каде ќе има целосна посветеност во работата со младите играчи.

Вардар веќе има одлична пионерска екипа на ракометари родени 2010 и помлади која есенскиот дел на сезоната го заврши доминантно, и со максимален број бодови и постигнати голови, а така ќе се продолжи и со другите категории. Кадетите и младинците се исто така во системот на натпреварување.

Плановите на клубот се во иднина младинските екипи да имаат подобар третман и услови за работа и за создавање на нови ракометари.

Недановски ќе работи заедно со тренерите на сите младински селекции и ќе бидат посветени на наоѓање и препознавање на идните ракометари, и на градењето на здрави спортски личности од кои се очекува во иднина да бидат и дел од првиот тим.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *