Владо Недановски: Сите ќе добијат шанса да играат против Војводина

По триумфот во домашното првенство против Пролет, ракометарите на Вардар имаа 24 часа одмор, и веднаш почнаа со подготвките за реванш средбата од СЕХА-Газпром лигата со Војводина.

Утринава „црвено-црните“ имаа тренинг и веднаш заминаа за Нови Сад каде утре попладне од 16:30 часот го играат натпреварот со првакот на Србија.

На овој натпревар со тимот не отпатуваа Борко Ристовски, Дарко Ѓукиќ и Стојанче Стоилов, а своја изјава имаше тренерот на Вардар 1961, Владо Недановски.

„Немаме многу време за одмор бидејќи сега имаме набиен распоред на натпревари. Вчера игравме домашно првенство, сабајлево трениравме и веднаш заминуваме за Нови Сад. Имаме голема предност од првиот натпревар, но без разлика на тоа ќе бидеме максимално фокусирани на натпреварот со Војводина. Тие во Скопје играа со комбиниран тим, но не знаеме како ќе биде сега. На секој меч одиме со мисла да победиме. Во Нови Сад ќе бидеме без Борко Ристовски, Стојанче Стоилов и Дарко Ѓукиќ. Нема што многу да менуваме во играта, треба само да го наметнеме нашето темпо. Секако ќе добијат шанса сите да играат”, – изјави тренерот Владо Недановски.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести