Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) донесе неколку одлуки на состанокот кој се оддржа.
Влатко Тасевски е назначен за нов ВД генерален секретар на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ).
Сречко Георгиевски е назначен за нов претседател на Дисциплинската комисија на РФМ, додека нов претседател на Арбитражната комисија на РФМ ќе биде Борко Бајалски.
Методи Лисански е нов претседател на Регистрациона комисија на РФМ, и за Лиценцирање назначен е Горан Милошевски.
Нов управител на РФМ Маркетинг дооел ќе биде Влатко Тасевски, кој е назначен и за ВД генерален секретар.
(фото – 24Ракомет)📷