Македонскиот интернационалец Влатко Тасевски кој настапува во белгискиот тим Спортинг Пелт, на крајот од сезоната ја завршува кариерата.
Тасевски на 40 години става крај на ракометната кариера. Тој во Македонија настапуваше за екипата на Преспа од Ресен, додека во Белгија настапуваше и за екипите на Бохолт и Тонгерн.
Во белгискиот тим Спортинг Пелт настапува и синот на Влатко Тасевски, Доријан Тасевски кој ќе продолжи по стапките на својот татко.

(фото – Рк Спортинг Пелт)📷