Позната е цената на влезниците за Суперкупот помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 што ќе се одигра во Охрид.
Влезниците ќе бидат во ограничен број и ќе се продаваат по цена од 200 денари и тие ќе бидат пуштени од понеделник (05.09.2022година).
“Влезниците за СУПЕР КУП натпреварот помеѓу ВАРДАР 1961 и ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР во организација на ГРК Охрид и РФМ ќе се пуштат во продажба од понеделник 05.09.2022. Цената на една влезница е 200 денари. Продажба од понеделник 05.09.2022 до недела 11.09.2022 на билетарата во спортската сала Билјанини Извори од 18:00 до 20:00 часот. Напомена: Бројот на влезници е ограничен”, – стои во соопштението од ГРК Охрид.

(фото-ГРК Охрид)📷