Влезот е слободен за дербито помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер

Дербито во плеј-офот помеѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер ќе се одигра во СЦ “Јане Сандански” на кое домаќин е екипата на Вардар 1961.

Од клубот најавија дека влезот за натпреварот со Еурофарм Пелистер ќе биде слободен, и сигурно СЦ “Јане Сандански” ќе биде исполнет.

Се очекува во салата да бидат присутни и навивачките групи на двата тима “Комити” и “Чкембари”.

“За дербито во сабота меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер влезот е СЛОБОДЕН…Сите што имаат сезонски билети и што ќе купат билети за натпреварот со Веспрем ќе ги задржат сопствените места за седење во салата,” – стои во соопштението од екипата на Вардар 1961.

(фото-Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести