Во дербито екипата на Алкалоид беше подобра од екипата на Бутел Скопје со конечни 21-19 во Супер лигата.
Од почетокот на натпреварот беше неизвесно и драматично, иако во првото полувреме Бутел Скопје имаше водство, во второто полувреме тимот на Алкалоид беше подобар, за на крај да слави победа.
Најефикасен во екипата на Алкалоид беше Мартин Серафимов со 7 гола, додека кај екипата на Бутел Скопје најефикасен беше Филип Николов со 6 гола.
(фото-Рк Алкалоид) 📷