Прволигашкото дерби помеѓу Голден Арт и Алкалоид, му припадна на Алкалоид со конечни 35-29 во Првата лига.
Екипата на Алкалоид имаше добро водство на полувремето од 21-13. Во второто полувреме гостинската екипа го зголеми водството за на крај да слави убедлива победа против домашната екипа.
Најефикасен во составот на Алкалоид беше Мартин Серафимов со седум погодоци, додека кај екипата на Голден Арт беше Глигор Гајиќ со девет погодоци.
(фото-Рк Алкалоид)📷