Во дербито што се одигра во Неготино помеѓу Вардар Неготино и Драчево, победник беше домашната екипа со резултат 31-25.
Првото полувреме од дербито беше израмнето, затоа што екипата на Драчево се обидуваше да го превземи водството, но екипата на Вардар Неготино не го дозволи тоа и замина на полувреме со три разлика 15-12.
Второто полувреме продолжи исто израмнето со водство на екипата на Вардар Неготино од два до три гола, за на крај екипата на Драчево си замине со пораз од Неготино.
Најефикасен во составот на Вардар Неготино беше Ѓоке Ташев со осум погодоци, додека кај екипата на Драчево најефикасен во составот беше Филип Дабевски со седум погодоци.
Рк Вардар Неготино 31-25 Рк Драчево
(фото-Рк Вардар Неготино)