Ракометарите на Тиквеш забележаа победа на домашен терен против екипата на Бутел Скопје со 29-25 во натпревар од Суперлигата.
Екипата на Тиквеш влезе добро на почетокот од натпреварот и на полувреме имаше водство од 14-10. Во вториот дел продолжи добрата игра на Тиквеш, а Бутел Скопје немаше сили да возврати и мораше да се задоволи со пораз во Кавадарци.
Најефикасен кај екипата на Тиквеш беше Јане Јанчев со пет погодоци, додека кај екипата на Бутел Скопје најефикасен беше Марко Митев исто така со пет погодоци.
ГРК Тиквеш 2014 29-25 Рк Бутел Скопје
(фото-ГРК Тиквеш 2014)📷