Екипата на Куманово во неизвесен натпревар успеа да ја совлада екипата на Вардар со минимални 29-28 во натпревар од плеј-офот во Супер лигата.
Во првото полувреме се играше гол за гол, па така двете екипи на полувреме заминаа со нерешен резултат од 14-14. Исто така и во второто полувреме се играше гол за гол, но на крај Куманово имаше напад за победа и го искористи тоа против Вардар.
Најефикасна во составот на Куманово беше Пена Граматова со осум погодоци, додека кај екипата на Вардар најефикасна беше Бојана Диневска со шест погодоци.
(фото-ЖРК Куманово)📷