Екипата на Металург забележа победа на гостувањето кај екипата на Чаир со минимални 28-29 во плеј-офот во Супер лигата.
Во првото полувреме се играше гол за гол, па така двете екипи заминаа со нерешен резултат на полувреме од 13-13. Во вториот дел исто така се играше гол за гол, но на крајот од натпреварот Металург беше подобар и успеа да слави победа против Чаир.
Најефикасна во екипата на Металург беше Ива Божиноска со девет погодоци, додека кај екипата на Чари најефикасна беше Теодора Гулицоска со седум погодоци.
(фото-ЖРК Металург)📷