Ракометарите на Младост 1977 Богданци забележаа минимална победа на домашен терен против Работнички со минимални 25-24 во Првата лига.
Првото полувреме беше израмнето, и на полувреме двете екипи заминаа со нерешен резултат 13-13. Во вториот дел пак беше израмнето, но на крај Младост успеа да дојде до водство и да слави минимална победа против Работнички.
Најефикасен во екипата на Младост 1977 Богданци беше Мите Караиванов со 12 погодоци, додека кај екипата на Работнички најефикасен беше Давид Димевски со осум погодоци.
(фото-Рк Младост 1977 Богданци)📷