Екипата на Младост Богданци забележа победа на домашен терен против Драчево со конечни 31-24 во Првата лига.
Младост Богданци направи голема разлика, и на полувреме имаше предност од 19-12. Во вториот дел Младост Богданци ја сочува разликата за на крај да оствари победа против Драчево.
Најдобар стрелец беше Мите Караиванов со 16 погодоци, додека кај екипата на Драчево најдобар стрелец беше Александар Димковски со четири погодоци.
(фото-Рк Младост 1977 Богданци)📷