Екипата на Мулти Есенс беше подобра во дербито со тимот на Голден Арт 2, откако го совлада со конечни 30-21.
Мулти Есенс победата ја обезбеди уште првото полувреме, кога на полувреме замина со предност од 17-6.
Најефикасни во тимот на Мулти Есенс беа Давид Димевски и Дарин Омерагиќ со по пет гола, додека кај екипата на Голден Арт 2 најефикасни беа Кристијан Стаменковиќ и Петар Стојаноски со по четири гола.
(фото – Рк Мулти Есенс)📷