Тимот на Чаир беше подобар во дербито со екипата на Куманово со резултат 32-29 во натпревар од Женската Супер лига.
Екипата на Куманово имаше контрола на резултатот, и на пауза замина со предност од 18-16. Во вториот дел од натпреварот екипата на Чаир направи пресврт, за на крај да го совлада Куманово.
Најефикасна во тимот на Чаир беше Теодора Гулицоска со 12 погодоци, додека во составот на Куманово најефикасна беше Алмеида Андреза исто така со 12 погодоци.
(фото – ЖРК Чаир)📷