Во дербито Ѓорче Петров подобар од Металург

Ракометарките на Ѓорче Петров во дербито беа подобри од ракометарките на Металург со 27-24.

Ѓорче Петров добро го започна натпреварот, па на полувреме имаше предност од 12-10. Во второто полувреме Ѓорче Петров продолжи со исто темпо како во првото полувреме, па на крај го совлада Металург.

Најефикасна во Ѓорче Петров беше Катерина Дамјановска со пет гола, додека кај екипата на Металург најефикасна беше Ива Божиновска со седум гола.

(фото-ЖРК Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.