Екипата на Деспина, која ги започна подготовките за новата сезона полека го креира ростерот за новата сезона.
Во екипата на Деспина се вратија ракометарките од Гевгелија, Елена Рипилоска и Лиле Димитрова, потоа се врати Ангела Камческа од Пелистер, Сања Цветкоска од грчки Артас и Мери Гичева, која се враќа од Косово.
Тимот ќе биде предводен од Страшо Илиески. Исто така договорите беа продолжени со младите ракометарки Магдалена Ѓорѓиоска, Маја Ристеска, Симона Спиркоска, Андреа конеска, Мери Спиркоска, Весна Христоска, Михаела Петреска и голманката Ивона Ристевска.
(фото – ЖРК Деспина)📷