Екипата на Астраион славеше на гостувањето во Штип кај Текстилец со минимални 26-25 во натпревар од Првата лига.
Во првото полувреме двете екипи играа рамноправно. Астраион на полувреме замина со водство од 15-12. Во второто полувреме пак се играше рамноправно, но на крај Астраион триумфираше со минимални 26-25.
Најефикасен во екипата на Астраион беше Иванче Ончев со 11 погодоци, додека кај екипата на Текстилец најефикасен беше Филип Хаџи Николов со десет погодоци.
Рк Текстилец 25-26 Рк Астраион
(фото-Рк Астраион)📷