ЖРК Вардар

Во женското дерби во Суперлигата, Вардар подобар од Металург во Автокоманда

Ракометарките на Вардар славеа победа на гостувањето во Автокоманда против Металург во натпревар од Суперлигата, со резултат 22-21.

Вардарки на почетокот од првиот дел на натпреварот имаа предност од три гола разлика па се до полувремето, кој на полувреме заминаа со водство од пет гола разлика 13-8. Во последните минути Металург дојде до израмнување за 20-20. Но Вардарки успеаа да се вратат и да слават победа на гостувањето во Автокоманда.

Најефикасна во составот на Вардар беше Михаела Стојановска со седум погодоци, додека најефикасна во составот на Металург беше Јана Калајџиевска со шест погодоци.

ЖРК Металург 21-22 ЖРК Вардар

(фото-Вардарфанс)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести