Ракометарите на Тиквеш продолжуваат со победите во Суперлигата, на домашен терен во Кавадарци совладана екипата на Струга со резултат 28-25.
Екипата на Тиквеш од почетокот на натпреварот ја имаше предноста и ја контролираше играта со предност од еден до два гола.Во вториот дел од полувремето екипата на Струга успеа да го превземи водството од 17-15, но екипата на Тиквеш со добра одбрана и напад успеа да се врати и да направи пресврт за 19-17. Потоа до крајот на натпреварот решен беше победникот во Кавадарци, а тоа беше екипата на Тиквеш.
Најдобар стрелец во екипата на Тиквеш беше Страхиња Симиќ со девет погодоци, додека кај екипата на Струга најдобар стрелец беше Бобан Блажески со пет погодоци.
ГРК Тиквеш 2014 28-25 Рк Струга
(фото-ГРК Тиквеш 2014)