Екипата на Ѓорче Петров го освои Купот на Македонија, откако во финалето славеше против Чаир со 36-24.
По крајот на натпреварот беа доделени награди и индивидуални признанија за најдобрите на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.
За МВП на турнирот беше прогласена Марија Јанкуловска од Ѓорче Петров, додека за најдобар стрелец беше Леонора Рахмани од Чаир и најдобар голман беше Магдалена Којовиќ исто така од Чаир.

(фото – РФМ)📷