Екипата на Алкалоид го освои Купот на Македонија, откако во финалето го совлада Еурофарм Пелистер со 25-23 на пенали.
По крајот на натпреварот беа доделени награди и индивидуални признанија за најдобрите на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.
За МВП на турнирот беше прогласен Филип Кузмановски од Еурофарм Пелистер, додека најдобар стрелец е Богдан Радивојевиќ исто така од Еурофарм Пелистер, а најдобар голман е Иван Галевски од Алкалоид.

(фото – РФМ)📷