Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров забележаа победа против Текстилец во неизвесен натпревар до минимални 26-25.
Македонија Ѓорче Петров ја контролираше играта до крајот на првото полувреме, кога на полувреме замина со водство од 17-13. Во второто полувреме од натпреварот на теренот се играше неизвесно двете екипи се бореа гол за гол, но во последните секунди од натпреварот екипата на Македонија Ѓорче Петров постигна погодок за победа против Текстилец.
Најефикасен во екипата на Македонија Ѓорче Петров беше Бојан Серафимовски со шест погодоци, додека кај екипата на Текстилец најефикасен беше Филип Хаџи Николов со десет погодоци.
Рк Македонија Ѓорче Петров 26-25 Рк Текстилец
(фото-Рк Македонија Ѓорче Петров)📷