Во неизвесен натпревар Младост славеше против Кичево 2020

Во неизвесен натпревар екипата на Младост 1977 Богданци славеше против Кичево 2020 со минимални 32-31 во Првата лига.

Гостите од Богданци имаа водство на полувреме од 15-13. Во второто полувреме се играше гол за гол, но во последните секунди Младост од Богданци успеа да триумфира против Кичево 2020.

Најефикасен кај екипата на Младост 1977 Богданци беше Никола Роглев со осум гола, додека кај екипата на Кичево 2020 најефикасен беше Дарко Јаневски исто така со осум гола.

(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.