Од Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) потврдија дека во женска конкуренција во новата сезона 2025/2026 ќе има Женска Супер лига и Женска Прва лига.
Од сезона 2025/2026, се формира нов систем на натпреварување во женската ракометна лига.
“Првите 8 (осум) екипи согласно пласманот од натпреварувачка сезона 2024/25 ќе се натпреваруваат во Супер женска ракометна лига, останатите 7 (седум) екипи ке се натпреваруваат во Прва женска ракометна лига.
Екипите ке се натпреваруваат во дво-кружен бод систем (2х домаќин, 2х гостин) вкупно 28 кола во двете лиги.
Со тоа се зголемува бројот на квалитетни натпревари и ривалитетот на екипите со приближно ист квалитет што доведува до подобрување и подигнување на квалитетот на женската ракометна лига”, – објавија од РФМ.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷