Екипата на Пелистер го доби пелагониското дерби против Деспина на домашен терен со конечни 20-17 во плеј-офот во Супер лигата.
Во првото полувреме се играше гол за гол, па така двете екипи заминаа на пауза со нерешени 9-9. Во второто полувреме Пелистер дојде до водство и тоа водство го сочува до крај за победа над Деспина.
Најефикасна во екипата на Пелистер беше Марија Јанкуловска со десет погодоци, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Елена Рипилоска со пет погодоци.
(фото-ЖРК Пелистер)📷