Во организација на Рк Прилеп и ЖРК Деспина, во спортската сала „Ристе Ристески – Ричко“ се одржа ракометен турнир од ревијален карактер за генерација 2012–2013.
Турнирот помина во одлична атмосфера, исполнета со многу ракомет, дружење, насмевки и спортски дух.
Учесници во машка конкуренција беа екипите на Прилеп, Аминтас, Илинден Вардар и Тиквеш, додека во женска конкуренција учесници беа Деспина, Аминтас, Пелистер и Илинден Вардар.
(фото – Рк Прилеп)📷














