Од денеска во продажба се пуштени билетите за мечот меѓу Вардар и Мелсунген од 2. коло од главната фаза во Лига Европа.
Продажбата на билетите ќе се одвива преку онлајн платформата на www.ticketx.com.mk и на блетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10 до 18 часот.
Купување на билет можете да направите на следниот линк – https://ticketx.com.mk/events/vardar-melsungen.
Натпреварот меѓу екипите на Вардар и Мелсунген е закажан за 24 февруари во 20:45 часот во СЦ “Јане Сандански”, во Скопје.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








