За првиот четвртфинален меч од СЕХА Газпром лигата од денеска се пуштени во продажба билетите за натпреварот меѓу Вардар 1961 и Војводина (Србија).
Натпреварот меѓу Вардар и Војводина е закажан за 6 април 2023 со почеток во 18 часот во СЦ „Јане Сандански”.
Продажбата на билетите ќе се врши: онлајн на www.mktickets.mk и преку продажната мрежа на Мктикетс.
Цената на билетите е 150 и 200 денари. За влез во салата ќе биде потребно да имате испечатен билет или билет во електронска форма (PDF) што ќе треба да го покажете на влез во салата.
Продажба на билети (доколку останат слободни места) ќе има и пред самиот почеток на средбата, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” два часа (2 часа) пред почетокот на натпреварот.

(фото – Рк Вардар 1961)📷