Екипата на Охрид на домашен терен ја очекува тежок натпревар против Еурофарм Пелистер во 2. коло од плеј-офот од Супер лигата.
Тимот на Охрид на социјалните мрежи објави дека се пуштени во продажба билетите за натпреварот со Еурофарм Пелистер. Цената на билетите е 100 денари.
Натпреварот меѓу екипите на Охрид и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 6 април во недела со почеток од 18:00 часот во салата “Билјанини Извори”, во Охрид.

(фото – ГРК Охрид)📷