Екипата на Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи објави дека се пуштени во продажба билетите за натпреварот со ПИК Сегед во Лигата на шампионите.
Цените на билетите се по 450 и 550 денари во зависност од местата на седење во салата “Боро Чурлевски”.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед се игра во среда, на 12 ноември во салата „Боро Чурлевски“, во Битола со почеток од 20:45 часот.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








