Екипата на Вардар ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Кристијанштад во Лигата на Европа.
Билетите се по цени од 200, 250 и 300 денари, во зависност од местото на седење во салата.
Билети ќе се продаваат и на билетарницата пред влезот на салата, секој работен ден од 10:00 часот до 18:00 часот, а во вторник до самиот почеток на натпреварот.
Натпреварот меѓу екипите на Вардар и Кристијанштад ќе се одигра на 18 ноември во вторник со почеток од 18:45 часот.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








