Екипата на Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи објави дека се пуштени во продажба билетите за натпреварот со Магдебург во Лигата на шампионите.
Цената на билетите за овој натпревар се по цена од 550 и 450 денари во зависност од местата на седење во салата.
Натпреварот меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Магдебург ќе се одигра на 26 ноември во среда со почеток од 20:45 часот во салата “Боро Чурлевски”, во Битола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








